Сообраќајот се пренасочува по стариот пат
Од утрово од 9 часот во целосен прекин е сообраќајот на експресниот пат Штип, поточно од крстосницата кај селото Крупиште до крстосницата кај селото Спанчево, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Сообраќајот се пренасочува по стариот пат Штип-Кочани.
Причина за прекин на сообраќајот, како што се вели во соопштението на АМСМ, е поради изведување на технички активности.
Од полицијата апелираат да се почитуваат наредбите на нивните службеници, како и сообраќајните знаци за изменетиот режим на сообраќај на тој потег.