Во однос на дебатата во јавноста околу дигиталните учебници, Царовска вели дека тоа е обид да се измести оваа реформа од колосек
Совршен систем не постои никаде во светот, па ни во нашата држава. Образованието не е совршено ни денес и нема да биде во догледно време, но првиот чекор на подобрување мора да го направиме затоа што сите истражувања покажуваат дека нашите деца остануваат функционално неписмени, вели министерката за образование Мила Царовска, во инттервју за ТВ21.
Таа вели дека се оди чекор по чекор и дека во процесот на осовременување на образовниот систем мора да се вложува и да се инвестира.
Во однос на дебатата во јавноста околу дигиталните учебници, Царовска вели дека тоа е обид да се измести оваа реформа од колосек.
„Дигиталниот учебник не нужно значи пристап до интернет. Тој е поставен на одреден електронски уред и ученикот во својот дом ќе може да го користи. Ученици кои ќе добијат таблети ќе може да ги користат во домашни услови без разлика на пристапот до интернет. Но, да не заборавиме дека имаме и една група на ученици кои немаат пристап ни до електрична енергија во своите домови, а оваа година ни се покажа дека такви се дури 1 300 и за нив оваа година, иако сме целосно онлајн над трето одделение, обезбедивме целосно учење во училиште. Исто така, на овие ученици кои немаат пристап до електрична енергија ќе им обезбедиме пристап и до дигитален уред во училиштето, но од друга страна и опција печатен учебник кој ќе го добијат од училиштето“,
рече Царовска во емисијата „10 минути“ на ТВ 21.
Околу тоа, како ќе се одредува на кои ученици им е потребен електронски уред Царовска рече дека има систем и училишта кои имаат административни служби и секој родител остава информации при влез и упис на ученикот.