Министерката за образование вели дека наставата продолжува со физичко присуство, а дека МОН е подготвено да реагира ако Комисијата за заразни болести излезе со поинакви информации
Министерката за образование Мила Царовска вели дека во моментов сите ковид-статистики покажуваат дека состојбата во училиштата е стабилна и дека во највисок интерес на учениците е наставата да се одвива со физичко присуство.
„Состојбата со ковид во училиштата е апсолутно стабилна. Имаме од 0,01 до 0,03 проценти позитивни нови случаи на дневно ниво. Вкупната бројка на активни случаи во еден момент е околу 0,3 % од вкупно 255 000 ученици кои се со активно физичко присуство во образовниот систем“,
истакна министерката за образование, Царовска.
Процентот на вакцинирани наставници изнесува околу 75 проценти, односно речиси двапати над националниот процент, што, како што изјави Царовска, укажува дека кај наставниците има одговорност дека се во јавна служба.
„Продолжуваме да ја следиме состојбата и да го имплементираме сценариото со физичко присуство. Секако, доколку Комисијата за заразни болести има понатаму поинакви информации подготвени сме да реагираме како Министерство“
додава Царовска.