Од Царинската управа додаваат дека веднаш се преземени истражни дејствија од страна на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, дека патникот е лишен од слобода, а против него е поднесена кривична пријава
Царинската управа спречи обид за криумчарење хашиш на Меѓународниот аеродром „Скопје“.

„Царински службеници на влез во државата на Меѓународен аеродром ‘Скопје’ спречија обид за криумчарење 48,8 грама хашиш, скриен во личен багаж на гостиварец родум од Швајцарија, кој патувал со лет Цирих – Скопје. Случајот е откриен при детална контрола и претрес на личниот багаж на патникот при што помеѓу неговите лични ствари е пронајдена вакумирана ќеса со хашиш, кој патникот ја купил во Германија со намера да ја пренесе и неовластено да ја пушти во промет во Македонија“,
соопшти Царинската управа.
Оттаму додаваат дека веднаш се преземени истражни дејствија од страна на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, дека патникот е лишен од слобода, а против него е поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, казниво по Кривичниот законик.
