„Треба да ја вратиме слободата и еднаквоста во меѓународната трговија, многу повеќе од бариерите и царините, што ги осмислуваат најсилните“, кажа тој во говоорот на конференцијата во Севиља
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека царините што ги наметнуваат моќните земји честопати се користи како форма на уцена, а не за ребалансирање на меѓународната трговија, пренесува Ројтерс. Ова го кажа за време на говорот на Меѓународната конференција за финансирање на развојот во Севиља, Шпанија, во време кога Европската унија преговара за трговски договор со Соединетите Американски Држави (САД) пред крајниот рок на 9 јули.

„Треба да ја вратиме слободата и еднаквоста во меѓународната трговија, многу повеќе од бариерите и царините, што ги осмислуваат најсилните и кои често се користат како инструменти на уцена, а не како инструменти за ребалансирање“,
рече тој, неименувајќи конкретно ниту една земја.
Повика на поддршка и преиспитување на Светската трговска организација за да се усогласи со целите за борба против нееднаквоста и климатските промени.
Трговската агенција на Обединетите нации соопшти дека царините би можеле да имаат катастрофално влијание врз земјите во развој, при што некои од најмалку развиените земји во светот, како што се Лесото, Камбоџа, Лаос, Мадагаскар и Мјанмар, се соочуваат со едни од највисоките даноци.
Инаку, Трамп најави нови глобални царини од 10 до 50 отсто, чие воведување привремено го одложи за три месеци.