Делото е откриено на Граничниот премин „Блаце“ при преглед на возило со швајцарски регистарски таблички, а сторителот е македонски државјанин од Гостивар. Тој ја набавил пиротехниката од Приштина и сакал нелегално да ја внесе во земјава
Повеќе од 40 000 парчиња пиротехника – петарди и огномети се запленети во акција на Царинската управа.
Делото е откриено на Граничниот премин „Блаце“ при преглед на возило со швајцарски регистарски таблички, а сторителот е македонски државјанин од Гостивар. Против него ќе биде поднесена кривична пријава за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и со експлозивни материи.

„При претресот, царинските инспектори од мобилниот тим, забележале дека задните седишта се спуштени, при што целиот тој простор и багажникот од автомобилот биле исполнети со пиротехнички средства“,
наведуваат од Царинската управа.
Утврдено оти сторителот ја набавил пиротехниката од Приштина и сакал нелегално да ја внесе во земјава.
Од Царината посочуваат дека ќе продолжат со засилени контроли и координирани активности со надлежните институции со цел спречување на нелегалната трговија и заштита на јавната безбедност.
