Од лицата кои биле во црквата, 19 возрасни и шестмина малолетници биле хоспитализирани во околните болници, а ниту еден од нив не е во животна опасност

Повеќе од 20 лица се хоспитализирани поради труење со јаглерод моноксид во црква во градот Понт-Канавезе во близина на Торино, Италија, пренесуваат италијанските медиуми.
До труењето дошло поради дефект на котелот во црквата „Сан Костанцо“ што предизвикало испуштање на јаглерод моноксид.
Верниците, кои синоќа биле во црквата за време на Велигденското бдение, веднаш биле евакуирани, а некои од нив почувствувале главоболка, гадење и несвестица. Од лицата кои биле во црквата, 19 возрасни и шестмина малолетници биле хоспитализирани во околните болници.
Според пишувањата на италијанските медиуми, ниту едно од хоспитализирани лица не е во животна опасност.
Полицијата од станицата во градот Понт-Канавезе ќе го истражува случајот.
