Тројцата бегалци од скопското село Студеничани имаат за издржување вкупна казна од над 26 години затвор
Тројцата затвореници на возраст од 36 до 37 години побегнале од Казнено-поправната установа „Идризово“ рано утринава околу 9 часот, а потоа околу 16 часот и 45 минути биле забележани во селото Долно Лисиче во патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки.
„Тие на застанале на знак за запирање даден од полициските службеници и продолжиле со движење кон с. Јурумлери, но набргу биле пресретнати и лишени од слобода. Притоа, кај И. Ј. и Е. Д. биле пронајдени и одземени два ножа. Инаку, И. Ј. бил осуден на вкупна казна затвор затвор од 11 години за сторени кривични дела по член 215, член 418-б и член 144 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување пет години и три месеци. Е. Д. бил осуден на казна затвор од седум години за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување 18 месеци од казната. Додека, М. Р. бил осуден на казна затвор од осум години и три месеци за сторени кривични дела по член 215 и член 418-б од Кривичниот законик, а имал за доиздржување три години од казната”,
велат од МВР.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека лицата се спроведени во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.