Три позитивни случаи на ковид-19 се откриени во геронтолошка установа во Скопје во рамки на скринингот, соопшти Министерството за здравство, без да посочи за која институција станува збор.
Презентирајќи го денешниот билтен за состојбата со ковид-19 во земјава, од Министерството за здравство информираа дека досега во земјата се направени вкупно 30 302 тестирања. Од вкупниот број направени тестови (727) во изминатото деноноќие 312 се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.
Тестирањата се направени преку центрите за јавно здравје Прилеп и Скопје, а регистрирани се три позитивни случаи во геронтолошка установа во Скопје, велат од ресорното министерство.
