Полицијата потврди дека неколку маскирани лица пукале во автобусот, дека возачот е убиен, а неколуку студенти се повредени
Три лица загинаа вечерва кај Глоѓан во Косово, кога непознати напаѓачи со калашников пукале во автобус. Според „Коха“, возачот и две помлади лица загинале на самото место, пренесува „Косово онлајн“.
Повредени се и неколку патници кои се пренесени во болниците во Пеќ и во Дечани.
Полицијата потврди дека неколку маскирани лица пукале во автобусот, дека возачот е убиен, а неколуку студенти се повредени.
Автобусот сообраќаел од Дечани кон Глоѓан, а инцидентот се случил околу 19 часот.
Според полицијата, во моментот на нападот во автобусот имало осум лица.