Три лица се убиени, а тројца сериозно повредени е билансот од напад со нож кој синоќа го извршил маж во парк во градот Ридинг на југот на Англија, на околу 65 километри оддалечено од Лондон.
Локалната полицијата засега не го оквалификува нападот како тероризам.

Осомничениот напаѓач, на возраст од 25 години, е уапсен.
Нападот се случил околу 18 часот, а жртвите биле случајни минувачи.
Сведокот Лоренс Ворт за Би-би-си изјави дека напаѓачот одеднаш тргнал кон групата од околу осум до десет лица и почнал да ги прободува. Тој се обидел да нападне и други лица, но сите почнале да бегаат од местото на инцидентот, па и напаѓачот избегал од паркот.