Според израелската полиција, двајца терористи пристигнале на местото на настанот со возило вооружено со оружје и пукале кон цивили на автобуска станица, а тие биле совладани од безбедносните сили и од еден цивил кој бил во близина

Три лица загинаа, а осуммина се ранети, од кои двајца потешко, во терористички напад на влезот во Ерусалим, пренесува „Тајмс оф Израел“ повикувајќи се на информации од полицијата и медицинските лица. Според информациите, кои ги пренесуваат странските медиуми, загинати се и двајцата напаѓачи.
На самото место загината е една 24-годишна жена, а 70-годишен маж им подлегнал на повредите на пат кон болница. „Гардијан“ пренесува дека третата жртва е една постара жена која им подлегнала на повредите.
Според полицијата, околу 7:40 часот двајца палестински вооружени лица излегле од возило на улицата „Вајзман“ на главниот влез во градот и отвориле оган кон луѓето на автобуска постојка.
„Двајца терористи кои пристигнаа на местото на настанот со возило вооружено со оружје пукаа кон цивили на автобуска станица, а тие беа совладани од безбедносните сили и еден цивил кој се наоѓаше во близина“,
соопшти израелската полиција.
Идентитетот на напаѓачите не е веднаш соопштен, но дел од локалните медиуми објавија дека се од источен Ерусалим.
Според агенцијата за безбедност Шин Бет, двајцата биле членови на Хамас и претходно биле затворени за терористичка активност.
Surveillance camera footage shows the shooting attack at the entrance to Jerusalem this morning. Two people were killed, and at least seven others were hurt. Two off-duty soldiers and an armed civilian shot the terrorists dead. pic.twitter.com/CwucVb5IV7
— Emanuel (Mannie) Fabian (@manniefabian) November 30, 2023
Снимките, како што пренесува „Тајмс оф Израел“, покажале дека терористите биле вооружени со јуришна пушка „М-16“ и пиштол и оти при претрес на возилото била пронајдена поголема количина муниција.
Полицијата соопшти дека се пребарува областа за да се исклучат какви било дополнителни напаѓачи.