Од Владата додаваат дека во наредните еден до два часа ќе се обезбеди и авиотранспорт за Софија, како и транспорт за Србија
Тројца од тешко повредените пациенти хоспитализирани во Клиничкиот центар во Скопје попладнево со возила опремени за интензивна нега се пренесуваат кон болницата „Папаниколау“ во Солун, информираат од Владата.

Од Владата додаваат дека во наредните еден до два часа ќе се обезбеди и авиотранспорт за Софија, како и транспорт за Србија.
Бугарските власти претходно информираа дека пет од дваесетте потешко повредени лица од пожарот во Кочани со авионот „Спартан“ на бугарското воено воздухопловство ќе бидат транспортирани на лекување во Бугарија.
Министерот за здравство Арбен Таравари соопшти дека дваесетина најтешко повредени пациенти ќе бидат пренесени на лекување во странство. Според него, неколку пациенти ќе бидат пренесени на лекување во Бугарија, Турција, Грција и Белград, а третман понудиле и од Албанија и Холандија.