Од Основниот граѓански суд Скопје појаснуваат дека кај нив не се одлагаат сите рочишта заради превенција од ширење на коронавирусот, туку само оние рочишта кај оние судии што се опфатени со мерките на Владата на Република Северна Македонија за ослободување од работни обврски.
„Во моментов во судот се одлагаат рочиштата само на вкупно 10 судии, и тоа на тројца судии што се во самоизолација поради патување во странство, на пет судии што ја користат мерката за ослободување од работни обврски на родител на дете до 10 години и на двајца судии што се хронично болни. Основниот граѓански суд Скопје во целост ги применува заклучоците од Владата на Република Северна Македонија за спроведување мерки и активности за превенција од ширење на болеста ковид-19 (коронавирус) и истите ќе ги применува се до донесување на нови мерки и препораки од страна на Владата на Република Северна Македонија“
соопштија од судот.
Поврзана вест: Судијка од Граѓанскиот суд во самоизолација, се одложи рочиште заради превенција