Ова попладнево го соопшти амбасадата на Руската Федерација во земјава преку објава на социјалната мрежа „X“ (претходно Твитер) во која пренесува коментар на портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова. Потегот на македонските власти, како што се наведува, се случил на 12 септември, без објаснување на причините
Засега од македонската страна нема потврда на ваквиот потег
Тројца руски дипломати се прогласени за персона нон грата, односно за непожелни во земјава од страна на македонските власти.

Ова попладнево го соопшти амбасадата на Руската Федерација во земјава преку објава на социјалната мрежа „X“ (претходно Твитер) во која пренесува коментар на портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.
Потегот на македонските власти, како што се наведува, се случил на 12 септември, без објаснување на причините.
Русија прогласувањето на тројцата дипломати за непожелни го оценува како неодговорен и непријателски чин и најавува дека нема да остане без одговор.
„На 12 септември властите на Северна Македонија, без објаснување на причините, прогласија тројца дипломати на Руската Амбасада во Скопје за «persona non grata». Неодговорниот и непријателски чекор на властите на Северна Македонија нема да остане без одговор“,
се наведува во објавата на руската амбасада.
#Захарова: ? На 12 септември властите на Северна Македонија, без објаснување на причините, прогласија три дипломати на Руската Амбасада во Скопје за «persona non grata».
— Посольство России МК (@Russian_Emb_MKD) September 15, 2023
Неодговорниот и непријателски чекор на властите на Северна Македонија нема да остане без одговор. pic.twitter.com/NUqMigVASN
Засега од македонската страна нема потврда на ваквиот потег.
Инаку, коментарот на Захарова е објавен и на официјалната интернет-страница на руското Министерство за надворешни работи.
Покрај информацијата за прогласувањето на тројцата дипломати за „персона нон грата“, во коментарот се наведува дека властите во Северна Македонија „продолжуваат да се движат по патот на влошување на конфронтацијата и да ги водат билатералените односи, кои и онака се во длабока криза, во ќорсокак.
„Одлуката за протерување на нашите колеги ја сметаме за несоодветна желба на раководството на оваа земја уште еднаш да им ја покаже на западните чувари нејзината важност во борбата против имагинарната ‘руска закана’. Неодговорниот и непријателски чекор на властите на Северна Македонија нема да остане без одговор“,
се наведува во коментарот на Захарова, објавен на веб-страната на руското МНР.
