Пожарникарите биле пренесени во Општата болница во Струга каде што им биле констатирани телесни повреди по што биле пуштени на домашно лекување

Тројца пожарникари кои гаснеле пожар на кров од куќа се повредени од струен удар. Територијалната противпожарна единица од Струга, синоќа во 23:30 часот, добила пријава за пожар, по што биле испратени шестмина пожарникари. Пожарот бил во куќа во близина на струшкото село Радожда, сопственост на А.С. од истото село.
„При интервенцијата со повреди од струен удар се здобиле тројца пожарникари кои го гаснеле пожарот. Тие се пренесени во Општата болница во Струга каде што им биле констатирани телесни повреди по што биле пуштени на домашно лекување“,
информираат од СВР Охрид и додаваат дека се работи на расчистување на случајот.
Командирот на Територијалната противпожарна единица во Струга, Фети Мазари, во изјава за МИА вели дека пожарникарите се во добра здравствена состојба и оти пожарот е целосно изгаснат.