Според новинската агенција АФП, американските воени претставници досега ја презедоа одговорноста за најмалку осум вакви напади на бродови, со што вкупниот број на убиени лица во овие операции се искачи на најмалку 185
Три лица кои биле дел од посадата на брод што наводно бил вклучен во операции за трговија со дрога вчера се убиени во американски воздушен напад во Источниот Пацифик, соопшти војската на Соединетите Американски Држави (САД).

Како што соопшти Командата на американската војска за Латинска Амертика и Карибите – „Саутком“ (Southcom), бродот бил управуван од „санкционирани терористички организации“.
„На 26 април, по наредба на командантот на ‘Саутком’, генерал Франсис Л. Донован, Здружената оперативна група ‘Јужен копје’ спроведе смртоносен кинетички напад врз брод управуван од санкционирани терористички организации. Разузнавачките информации потврдија дека бродот транзитирал по познати рути за трговија со дрога во Источниот Пацифик и бил вклучен во операции за трговија со дрога. Тројца машки наркотерористи беа убиени за време на оваа акција. Ниеден член на американските воени сили не беше повреден“,
се наведува во објавата на „Саутком“ на социјалната платформа Икс.
On April 26, at the direction of #SOUTHCOM commander Gen. Francis L. Donovan, Joint Task Force Southern Spear conducted a lethal kinetic strike on a vessel operated by Designated Terrorist Organizations. Intelligence confirmed the vessel was transiting along known… pic.twitter.com/br2znnUM1x
— U.S. Southern Command (@Southcom) April 27, 2026
Според новинската агенција АФП, американските воени претставници досега ја презедоа одговорноста за најмалку осум вакви напади на бродови, со што вкупниот број на убиени лица во овие операции се искачи на најмалку 185.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, според агенцијата, досега нема објавено цврсти докази кои би ги поддржале тврдењата дека бродовите кои беа цел на нападите се вклучени во трговија со дрога.
Реагирајќи на претходните напади, меѓународни експерти и претставници на Обединетите нации (ОН) ги осудија убиствата на членови на екипажите на овие бродови, оценувајќи дека станува збор за напади кои се косат со меѓународното право.
