Имињата на тројцата загинати војници нема да бидат објавени сè додека не се известат нивните семејства
Тројца американски војници се убиени, а петмина се сериозно ранети во акција како дел од операцијата „Епски бес“, соопшти Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ).
„Неколку други претрпеа помали повреди од шрапнели и потреси на мозокот, и се во процес на враќање на должност. Главните борбени операции продолжуваат и нашите напори за одговор се во тек“,
објави ЦЕНТКОМ.
Имињата на тројцата загинати војници нема да бидат објавени сè додека не се известат нивните семејства. Тие се првите познати американски жртви откако САД вчера почнаа да го напаѓаат Иран.
Не е јасно како се убиени војниците, но Иран од вчера возвраќа на американските и израелските напади со напаѓање на американските воени бази низ регионот.
Најавувајќи ја американската операција против Иран, претседателот Трамп предупреди дека „животите на американските херои може да бидат изгубени и дека може да има жртви“, како и оти тоа често се случува во војна.
