Во интервју за Дарик радио тој вели дека по прашањето на РСМ се води двојна политика. Од една страна тоа е МНР на чие чело е Теодора Генчовска од неговата партија и од друга страна е премиерот Кирил Петков кој, како што рече, ги слуша советите на други луѓе кои, „ја дуплираат“ министерката за надворешни работи
Една од причините за тоа што Има таков народ ја напушти владината коалиција е прашањето за РСМ – односно тоа што се води двојна политика, вели лидерот на оваа партија Слави Трифонов. Втората е како што рече чисто финансиска.
Во интервју за Дарик радио тој вели дека по прашањето на РСМ се води двојна политика. Од една страна тоа е МНР на чие чело е Теодора Генчовска од неговата партија и од друга страна е премиерот Кирил Петков кој, како што рече, ги слуша советите на други луѓе кои „ја дуплираат“ министерката за надворешни работи.
„Додека Македонија не ги стави Бугарите во Уставот и не го исполни Договорот од 2017 година, ако зависи од мене, нема да ги започнат преговорите за влез во ЕУ. Тоа не е популизам“,
додаде Трифонов.
Во врска со повлекувањето на неговите министри, Трифонов рече дека направил избор помеѓу лошо и помалку лошо.
Тој додаде дека најголемиот компромис направен од ИТН е да формира коалиција со БСП и дека вложил многу труд да го помине тоа во партијата.
„Овие луѓе не се подготвени да водат земја. Мислам дека треба да се држат настрана од власта“,
рече лидерот на ИТН за другите коалициски партии.
Тој рече дека Продолжуваме со промената потсетува на однесувањето на ГЕРБ.
Трифонов пред една недела најави повлекување на министрите од владата.
Половина час откако Трифонов објави дека ги повлекува министрите од владата, Петков на прес-конференција соопшти дека ќе прави малцинска влада наместо, како што рече, да биде уценуван.