Несреќата се случила во тунел под планината Бол, на околу 250 километри источно од Истанбул
Најмалку 30 лица се повредени во верижен судир на 18 возила во северниот турски град Бол, на околу 250 километри источно од Истанбул, јави агенцијата Анадолија.
Несреќата се случила во тунел под планината Бол, а во верижниот судир учествувале шлепер, камион, автобус и помали возила.
На местото на настанот пристигнале бројни екипи на полиција, брза помош, жандармерија, пожарникари и други служби. Поради несреќата затворена е патната комуникација од Бол кон Истанбул.
Гувернерот Ахмет Умит изјави дека засега нема информации за жртви во несреќата.
„Во несреќата учествуваа вкупно 18 возила, околу 30 лица се повредени. Засега немаме добиено вести за загинати и се надевам дека нема. Спасувачките служби се на терен“,
рече Умит.