Најновата епидемија е поврзана со аеродромот во источниот град Нанџинг, каде што делта сојот на вирусот се шири меѓу вработените
Повеќе од 30 кинески службеници се казнети, а некои се отпуштени од работа затоа што не реагирале соодветно на најновиот пораст на бројот на заразени со коронавирус во земјата.
Меѓу отпуштените се заменик – градоначалник, шефови на градски области и здравствени комисии, раководители на болници, аеродроми и туристички сектор.
Кинеската национална здравствена комисија објави дека се регистрирани 94 нови случаи на локално пренесување на инфекцијата во претходните 24 часа.
Најновата епидемија е поврзана со аеродромот во источниот град Нанџинг, каде што делта сојот на вирусот се шири меѓу вработените.