Денеска околу пладне се случи сообраќајна несреќа, после патарината кај Отовица на автопатот Велес – Скопје, во која е повредено едно семејство – мајка (54), татко (56) и нивната 18-годишна ќерка, од Битола.
Според д-р Василка Пановска Поп Стефанова од Итната медицинска помош, кога тие пристигнале со две возила и две екипи на Итната медицинска помош, повредените биле свесни, но со полутраума. Им била укажана помош, биле згрижени на сомото место и итно транспортирани на хируршкото одделение во Општа болница-Велес.
СВР Велес врши увид на местото на несреќата.
