Париската полиција соопшти дека две од нападнатите жени биле згрижени од службите за итни случаи и однесени во болница, но не биле во критична состојба. Третата жена сама побарала помош во болница

Три жени се повредени откако маж вооружен со нож ги нападнал на линија од париското метро.
Трите жртви биле нападнати на три различни локации по должината на линијата 3 на метрото што поминува низ центарот на Париз, пишуваат француските медиуми.
Полицијата соопшти дека нападите се случиле помеѓу 16:15 и 16:45 часот.
Трите жени брзо биле згрижени од службите за итни случаи.
Париската полиција соопшти дека две од нападнатите жени биле згрижени од службите за итни случаи и однесени во болница, но не биле во критична состојба. Третата жена сама побарала помош во болница.
Обвинителите соопштиле дека полицијата користела снимки од камери за надзор и алатки за следење на мобилни телефони за да го лоцира 25-годишниот осомничен напаѓач во регионот Вал д’Оаз, северно од Париз.
