Во Холандија, 12 годишно дете почина а друго е во критична состојба при екплозија на импровизиран огномет, јавуваат тамошните медиуми. Децата само го гледале „огнометот“ а за настанот е уапсен еден маж. Низ цела Холандија, според „Де Телеграф“, повредени се најмалку 80 лица во инциденти со огномети, петарди и други пиротехнички средства. Некои од повредите завршиле со губење на стапала и дланки во екплозиите.

Во Германија, 37 годишен маж загина во експлозија на огномет на Нова година, во западниот град Хенеф. Полицијата го истражува случајот. Низ целата земја има поголем број на повредени во слични инциденти, јавува агенцијата ДПА.
Тоа што ги спојува Холандија и Германија, кога е во прашање пиротехниката, е што двете земји забранија таквите производи и уреди да се продаваат во новогодишниот период, пред се поради пандемијата. Холандските власти го оправдаа чекорот со објаснување дека повредите предизвикани од пиротехника ќе предизвикаат дополнителен притисок и врз онака оптоварениот здравствен систем кој е исцрпен од ковид-19.
Но и покрај забраните, „ентузијастите“ во двете земји најдоа начини да прават огномети и забави со пиротехника. Некои купуваа во соседните земји каде нема забрана, додека други решија да си ги направат сами.
Третата регистрирана жртва на огномет во ЕУ е во Австрија. 23 годишен маж загинал кога се решил да се врати и да провери зошто не се запалил огнометот.