Од МВР потврдиле дека десетина минути пред 20 часот било пријавено оти на крстосница меѓу улиците „Цветан Димов“ и „Џон Кенеди“, по претходно недоразбирање, физички се пресметале 14-годишник и С. Р. (64) и Б. С. (18), сите од Скопје. Во пресметката биле употребени ножеви, а сите три лица се здобиле со повреди

Попладнево на улицата „Џон Кенеди“ во скопската општина Чаир, во близина на маркетот „Веро“, дошло до физичка пресметка со ножеви меѓу три лица, од кои едното било малолетно 14-годишно момче, јави Мета.
Од МВР потврдиле дека десетина минути пред 20 часот било пријавено дека на крстосница меѓу улиците „Цветан Димов“ и „Џон Кенеди“, по претходно недоразбирање, физички се пресметале 14-годишник и С .Р. (64) и Б. С.(18), сите од Скопје. Во пресметката биле употребени ножеви, а сите три лица се здобиле со повреди.
Како што пренесува Мета, на местото на настанот пристигнале повеќе полициски возила и возила на Итната медицинска помош кои со голема брзина се упатиле кон комплексот клиники „Мајка Тереза“ и кон Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што биле пренесени повредените.
Засега не се објавени детали за сериозноста на повредите, ниту се познати причините за пресметката.