Ако се потврди како руски ракетен напад, ова е најблиску што тие погодиле во историскиот град Лавов од почетокот на војната пред три недели
Најмалку три експлозии се слушнале во западниот украински град Лавов, околу 6.30 часот по локално време.
Украинската телевизија 24 објави кратко видео на Телеграм, каде може да се види како чад се крева над хоризонтот.

Градоначалникот на Лавов, Андреј Садовиј потврди дека експлозиите биле во подрачје на аеродромот. Но, тој на Телеграм напиша дека аеродромот не е погоден.

Зградата е идентификувана како погон за одржување на авиони. Тој додаде дека спасувачките екипи во моментов се на терен.
Садовиј упати повик до граѓаните да не споделуваат фотографии од место каде имало експлозија.
Лавов се наоѓа близу полската граница. Откако започна инвазијата, стотици илјади бегалци минуваат низ градот, со цел да стигнат на безбедно.
Засега нема информации за жртви.
Ако се потврди како руски ракетен напад, ова е најблиску што тие погодиле во историскиот град Лавов од почетокот на војната пред три недели.
Лавов е на само 80 километри (50 милји) од полската граница, далеку од главните борбени зони на исток и југ.
Областа беше поштедена од бомбардирање, но пред пет дена имаше сличен напад на центар за воена обука во Јаворив, 30 километри (19 милји) од Лавов.
Тој вели дека гранатирањето е веројатно во обид на руските сили да „го прекинат снабдувањето со оружје во земјата“, бидејќи главните рути имаат тенденција да минуваат низ Полска.