Лекарот на Бајден, Кевин О’Конор, истакна дека повторниот позитивен тест на вирусот е забележан кај мал процент на пациенти третирани со лекот „Паксловид“, а дека претседателот нема никакви симптоми на вирусот, но ќе остане во изолација
Три дена откако излезе од изолација со негативен ковид-тест, американскиот претседател Џо Бајден е повторно позитивен на коронавирусот, изјави неговиот лекар Кевин О’Конор, додавајќи дека повторниот позитивен тест на вирусот е забележан кај мал процент на пациенти третирани со лекот „Паксловид“.
О’Конор, рече дека Бајден бил негативен во вторникот навечер, средата наутро, четвртокот наутро и петокот наутро, сè до саботата наутро, кога добил позитивен тест на ковид.
„Сепак, со оглед на неговиот позитивен антигенски тест, тој повторно ќе започне строги процедури за изолација“,
истакна докторот, додавајќи дека Бајден нема никакви симптоми, но оти ќе се изолира во Белата куќа.
Со објава на Твитер и самиот претседател објави дека е повторно позитивен на коронавирусот, дека нема никакви симптоми, но дека ќе се изолира поради безбедноста на сите околу него.
„Луѓе, денес повторно бев позитивен на ковид. Ова се случува со мало малцинство луѓе. Немам никакви симптоми, но ќе се изолирам за безбедноста на сите околу мене“,
стои во Твитер-објавата на Бајден.
Folks, today I tested positive for COVID again.
— President Biden (@POTUS) July 30, 2022
This happens with a small minority of folks.
I’ve got no symptoms but I am going to isolate for the safety of everyone around me.
I’m still at work, and will be back on the road soon.
Прес-секретарката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, објави дека претседателот се чувствува добро и дека работи во изолација од резиденцијата за да ги заштити другите.
The President is asymptomatic, feeling fine, and working in isolation from the Residence to protect others. https://t.co/gvL3oGH6b9
— Karine Jean-Pierre (@PressSec) July 30, 2022
Американскиот претседател во средата излезе од ковид-изолацијата откако доби негативен тест на вирусот.