Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе спроведува мерки по сообраќајниците во поширокото централно подрачје

Од денеска до сабота во делови од Скопје ќе има посебен сообраќаен режим, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Причина е посетата на Скопје од албанскиот претседател Бајрам Бегај.
Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе спроведува мерки по сообраќајниците во поширокото централно подрачје.
Од СВР Скопје апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата на униформираните полициски службеници. Целта е да се овозможи безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
