Меѓународниот превоз е речиси запрен на влезот во теснецот, а стравот од нарушувања веќе ги зголемува глобалните цени на нафтата

фото: EPA/STRINGER
Најмалку три брода биле нападнати во близина на Ормутскиот теснец, за време на одговорот на Иран низ Блискиот Исток на тековниот напад врз него од страна на САД и Израел, јави „Би-би-си“.
Два брода биле погодени, а беше објавено дека „непознат проектил“ „експлодирал во многу блиска близина“ до трет, соопшти Центарот за поморски трговски операции на Велика Британија.
Иран ги предупреди бродовите да не минуваат низ теснецот, кој пренесува околу 20% од светската нафта и гас.
Меѓународниот превоз е речиси запрен на влезот во теснецот, а стравот од нарушувања веќе ги зголемува глобалните цени на нафтата.
„Гардијан“ објави дека од утре се очекува цената на нафтата да порасне.
Техеран долго време предупредуваше дека би можел да ја искористи својата локација за да го затвори теснецот како одмазда против воената агресија. Берзите низ целиот свет би можеле да паднат во понеделник, а возачите веројатно ќе платат повеќе на пумпа.
Затворањето на Ормутскиот теснец би ги прекинало испораките од Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Ирак и Кувајт, како и од Иран, што би довело до недостиг и повисоки цени на енергијата, пишува „Гардијан“.
