Кај селото Петрови, на планината Кожуф со денови гори, а поради непристапноста на теренот овој пожар сè уште не може да се стави под контрола
Три пожари од утрово се активни на територијата на државата, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Од вкупно регистрирани 30 пожари, изгаснати се 23, а четири се ставени под контрола.

Гори на три локации, и тоа во општина Гевгелија на планината Кожуф; кај селото Петрово, во општина Македонски Брод, над селото Бенче на планината Добра Вода и во општина Студеничани, меѓу селата Цветови и Драчевица, кај местото викано Умово.
Под контрола се ставени два пожари во општина Гази Баба, од кои едниот е во селото Трубарево, а вториот во Виниче, кај местото викано Муратица, како и тие во општина Студеничани, кај селото Батинци и во општина Демир Хисар, каде гореше градска депонија.