Шефот на државата својот годишен говор во Собранието ќе го одржи во неделата за кога е најавена оставката на премиерот Зоран Заев
Претседателот Стево Пендаровски следната недела, в среда, на 22 декември, ќе се обрати пред пратениците во Собранието, согласно неговата уставна обврска најмалку еднаш годишно да говори пред законодавниот дом, за прашања од неговата надлежност.
Тоа ќе биде трето предновогодишно обраќање на Пендаровски пред пратениците, откако пролетта 2019 година ја презема претседателската функција.
Шефот на државата својот годишен говор во Собранието ќе го одржи во неделата за кога е најавена оставката на премиерот Зоран Заев. Премиерот во заминување вчера најави дека оставката ќе ја поднесе во Собранието во текот на наредната седмица, при што изрази очекување дека негов наследник и во Владата ќе биде новиот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски.
По оставката на Заев, Пендаровски треба да одреди друг мандатар за состав на Владата.
Минатата година Пендаровски се обрати пред пратениците на 16 декември.