Засега, нема информации дали постои опасност за проширување на пожарот и на македонска територија
Во националниот парк „Преспа“ кај Пустец веќе трет ден гори високостеблеста шума, но според надлежните нема опасност за населените места, јавува МИА.
Пожарот избувнал во близина на албанско-грчката граница, а во неговото гаснење најпрво била вклучена територијалната противпожарна едница од Пустец, а денеска уште други пет возила и повеќе пожарникари.
Како што јавува МИА, интервенцијата е отежната бидејќи пожарот се наоѓа на тешко пристапен терен на врвот на планината Остоја, кај местото викано Пирамида 10 на границата со Грција.
„Поради опасноста за проширување на пожарот и на грчка страна, попладнево во гаснењето е вклучена и грчката општина Преспа со два помали авиони“,
пренесуваат албанските медиумите.
Засега, нема информации дали постои опасност за проширување на пожарот и на македонска територија.