Според статистиката во изминатите четири месеци кај нас, од вкупно 66 857 граѓани позитивни на ковид-19, 33 проценти биле целосно вакцинирани, односно 21 806 лица, додека 45 051 граѓанин, односно 67 отсто од позитивните не биле вакцинирани
Од 6 август заклучно со вчерашниот ден на територија на државата вкупно 66 857 граѓани се позитивни на ковид-19.
Од нив 33 проценти биле целосно вакцинирани, односно 21 806 лица, додека 45 051, граѓанин, односно 67 отсто од позитивните не биле вакцинирани.
За вакцинирани се сметаат лицата што се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втората доза вакцина.
Од Министерството соопштија дека е голем бројот на хоспитализирани невакцинирани граѓани, 85 отсто, додека 15 отсто од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.
И смртноста кај невакцинираните е поголема, покажува анализата на Министерството за здравство.
Во период од 6 август до 23 декември на територија на државата починале 2 362 лица со ковид-19, од кои 1 850 пациенти не биле вакцинирани, а 21 процент примиле вакцина.
Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања.
Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини што ги има на располагање кај нас, како и пациенти што се вакцинирале во странство со вакцини на „Модерна“ и „Џонсон и Џонсон“.