Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска вели дека се што беше пласирано во јавноста за предлог-законите за матична евиденција и родова еднаквост од неистомислениците е невеистина, манипулација и незнаење што во никој случај не било суштина на процесите за двата предлог-закони
Во гостување на Телевизија 24, министерката за труд и социјална политика кажа дека анти-родовото движење не е новост и само било прашање на време кога таквите движења ќе се појават и во Македонија. Но и покрај противењата, Тренчевска вели дека С Македонија е препознаена во регионот но и пошироко како земја лидер, која направила многу за родовата еднаквост и антидискриминацијата. Како пример за лидерство го посочи Законот за еднаквост на жените и мажите – Закон кој нашата земја прва го донесе во регионот.
„Нашата земја е лидер во регионот и пошироко кога станува збор за родова еднаквост и антидискриминација. Србија успеа да ги премости проблемите, но Чешка и Полска имаат донесено штетни закони со кои се уназадува положбата на жената“,
рече Тренчевска.
За предлог-законот за родова еднаковст, министерката вели дека не очекувала толку негативна кампања и реакции во јавноста, бидејќи претходно биле одржани 18 јавни расправи, но и бидејќи на вакво законско решение се работи од пред 4 години.
„Јавната расправа беше одржана и за пратеничките од сите партии, од каде што не произлезе ниту една суштинска забелешка, сите дадоа безрезервна поддршка, а потоа, дел од нив излегоа на протестот кој го организираше МПЦ“, вели Тренчевска.
вели Тренчевска.
Тренчевска рече дека во Предлог законот за родова еднаквост, во ниту еден сегмент и одредба не се регулираат истополови бракови и промена на полот. Законот, според неа, промовира еднаквост на жените и мажите, како и зајакнување на механизмите за родова еднаквост.