„Секогаш велиме дека тоа т.н. двојно мнозинство и бадентерово мнозинство подеднакво важи и на централно и на локално ниво и дека никој не може да биде и не треба да биде исклучен кога се решава прашање што директно го засегаат идентитетот, а со тоа и интегритетот на сите луѓе“, кажа преетседателката при денешната посета на Тетово
Граѓански, инклузивно и со консензус треба да се реши прашањето за преименувањето на улици во Тетово, изјави претседателката Гордава Сиљановска-Давкова вечерва од Тетово, каде се сретна со тамошниот градоначалник Биљал Касами, а потоа заедно присуствуваа на македонска музичка вечер во рамки на манифеестацијата „Тетовско културно лето“.

За темата околу именувањето на улици во Тетово рече дека добила писмо, но и дека ветила дека за тоа ќе разговара со градоначалникот Касами.
„Мислам дека тоа треба да се реши така како што треба – граѓански, инклузивно, со консензус. Секогаш велиме дека тоа т.н. двојно мнозинство и бадентерово мнозинство подеднакво важи и на централно и на локално ниво и дека никој не може да биде и не треба да биде исклучен кога се решава прашање што директно го засегаат идентитетот, а со тоа и интегритетот на сите луѓе“,
вели таа.
Една од причините што е во посета на Тетово, е со цел, како што кажа, да покаже дека е претседателка не само на граѓаните на Скопје, туку на сите граѓани, без оглед на припадноста.
„Но, и да покажам дека сум подготвена да одам и онаму каде градоначалниците не се од македонска етничка припадност, бидејќи тоа е ирелевантно за граѓанското општество. Проблемите се исти секаде и ги засегаат сите луѓе“,
кажа Сиљановска-Давкова.
Градоналаникот на Тетово, Биљал касами рече дека го има истиот став како и претседателката, односно дека се работи за именување на улици, плоштади, мостови, нешто што е инклузивен процеес, но и транспарентен, што значи дека секој граѓанин треба да биде дел од процесот.
„Треба да покажеме дека Тетово е европски град каде граѓаните живеат во урбанистички услови и секој ќе има адреса каде можат да го најдат институциите и пријателите“,
вели тој.
Касами во изјава за „360 степени“ во мај рече дека до локалните избори во октомври го запира процесот на преименување на имињата на улиците во градот.
Посочи и дека Законот за локална самоуправа за именувањето на улиците бара шест месеци пред одржување на редовните локални избори да престане процесот и да продолжи потоа.
Од Сојузот на борци од Народно-ослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 и граѓаните продолжувачи од Тетовово во месец април ги повикаа граѓаните да го бојкотираат процесот на менување имиња на улици предложен од општината.
Од Сојузот, освен до граѓаните, апелот за бојкот на јавната дебата го упатија и до политичките партии, граѓанските здруженија, клубови и сите други облици на општествено здружување.
Претходно тетовскиот сојуз на борците од НОБ на 11 февруари до Уставниот суд во Скопје поднесе иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на одлука на Советот на Општина Тетово од 24 април 2007 година, која се однесува на промена на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти во градот.
Општина Тетово уште од август 2024 година го почна процесот за преименување улици кои веќе имаат определено име и именување на улици на кои името им е определено со бројка.