Трамп претходно се закани со висока царина ако Бразил не го заврши судењето против поранешниот десничарски претседател, Жаир Болсонаро
Претседателот на САД, Доналд Трамп, издаде наредба со која се спроведува осакатувачка вкупна царина од 50 проценти за Бразил, соопшти Белата куќа, во најновата ескалација на агресивната трговска војна на неговата администрација.
Трамп претходно се закани дека ќе воведе царина од 50 отсто за Бразил, која ќе стапи во сила на 1 август, во писмо што го испрати претходно овој месец до претседателот на земјата, Луиз Иназио Лула да Силва.
Во тоа писмо, Трамп се закани со висока царина ако Бразил не го заврши судењето против поранешниот десничарски претседател, Жаир Болсонаро.
Во наредбата со која ги зголемува царините за Бразил за 40 отсто, со што вкупно тие изнесуваат 50 проценти, Трамп ја обвинува бразилската влада за „сериозни злоупотреби на човековите права што го поткопале владеењето на правото во Бразил“.
Тој воведе и „универзални тарифи од 50 отсто за увоз на полуготови бакарни производи“, вклучувајќи цевки, жици и лимови, и „деривативни производи со интензивна содржина на бакар“, соопшти Белата куќа.
Овие нови тарифи ќе стапат во сила на 1 август, а исклучок ќе бидат бакарни производи, кои веќе се предмет на царини за автомобили.
Бакарот е клучна компонента во различни стоки, вклучувајќи електроника, машини и автомобили, а царините за изворниот материјал би можеле да ги направат тие производи поскапи.
Минатата година САД увезле бакар во вредност од 17 милијарди долари. Чиле бил најголемиот снабдувач на металот, испорачувајќи го во вредност од 6 милијарди.
Новата царина за Бразил се чини дека е поттикната од неекономски прашања.
Болсонаро, кој се фалеше со својата блискост со Трамп, се соочува со судење за наводен обид за организирање државен удар против Лула. Трамп јавно се спротивстави на таа постапка, а во неговата наредба се тврди дека гонењето на Болсонаро било „политички мотивирано“.