Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека вакцината против новиот коронавирус ќе биде откриена до крајот на оваа година.
„Сметаме дека ќе ја имаме вакцината до крајот на оваа година. Лекарите ќе речат: „Не смеете да го кажете тоа. Но, јас го кажувам она што мислам. Правиме големи напори и голем број фармацевтски групи се, мислам, многу блиску“,
рече Трамп во изјавата за Фокс њуз.
На прашањето каква би била неговата реакција доколку друга земја ја открие вакцината пред САД, Трамп рече дека нема да му пречи.
„Не ми е грижа. Само сакам да имам вакцина што функционира“,
одговори американскиот претседател.
Откако бројот на починати ги надмина неговите претходни проценки за 60-70 000 жртви, тој зборуваше и за нови проценки, па рече дека веќе се смета речиси 100 000 Американци да умрат од ковид-19.
Во САД досега има над 68.000 починати од Ковид-19, а околу милион и 200 илјади се заразени.