Трамп за Ројтерс вели дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да ја заврши својата речиси четиригодишна инвазија на Украина, додека за Зеленски вели дека бил повоздржан

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Украина, а не Русија, го спречува потенцијалниот мировен договор, пишува Ројтерс.
Трамп за Ројтерс вели дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да ја заврши својата речиси четиригодишна инвазија на Украина, додека за Зеленски вели дека бил повоздржан.
„Мислам дека е подготвен да склучи договор. Мислам дека Украина е помалку подготвена да склучи договор“,
рече Трамп.
На прашањето зошто преговорите предводени од САД сè уште не го решиле најголемиот копнен конфликт во Европа од Втората светска војна, Трамп одговори: „Зеленски“.
На крајот на минатата година, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека нацрт-рамката за мир за ставање крај на војната на Русија против Украина предвидува безбедносни гаранции од САД за Украина за период од 15 години, но оти тој побарал од американскиот претседател Доналд Трамп безбедносни гаранции за период до 50 години.
