Иран ги предупреди САД и нивните сојузници да не му помагаат на Израел да ги запре одмаздничките напади на Техеран. Трамп одговори дека доколку САД бидат нападнати во каква било форма, тие ќе одговорат со сила невидена досега
Претседателот Доналд Трамп вели дека САД не се вклучени во најновиот конфликт меѓу Израел и Иран откако синоќа израелските сили го погодија нафтеното депо во Техеран, а Иран возврати со балистички ракети.
„САД немаа никаква врска со нападот врз Иран вечерва“,
рече Трамп во објава на неговата платформа Трут соушл.
Иран ги предупреди САД и нивните сојузници да не му помагаат на Израел да ги запре одмаздничките напади на Техеран.
Трамп одговори дека доколку САД бидат нападнати во каква било форма, тие ќе одговорат со сила невидена досега. Сепак, тој додава дека лесно може да се постигне договор меѓу Израел и Иран и да се заврши крвавиот конфликт.