Не сакам да се случи тоа, пишува Трамп во објавата на Трут соушл, но веројатно ќе се случи
Цела една цивилизација вечерва ќе умре и никогаш повеќе нема да се врати – порача американскиот претседател Доналд Трамп во најновото предупредување во контекст на актуелниот конфликт со Иран.

Не сакам да се случи тоа, пишува Трамп во објавата на Трут соушл, но веројатно ќе се случи.
„Сепак, сега кога имаме целосна и тотална промена на режимот, каде што преовладуваат различни, попаметни и помалку радикализирани умови, можеби може да се случи нешто револуционерно и прекрасно, којзнае? Ќе дознаеме вечерва, еден од најважните моменти во долгата и сложена историја на светот. 47 години изнудување, корупција и смрт конечно ќе завршат. Бог да ги благослови големите луѓе на Иран!“,
пишува Трамп во објавата.
Американскиот претседател Доналд Трамп во саботата упати остра порака до Иран во која се закани дека доколку Техеран за 48 часа не склучи договор или не го отвори Ормускиот Теснец, ќе се соочи со пекол од САД. Ултиматумот за договор истекува денеска во 20 часот по локално време во Вашингтон.
Во меѓувреме Техеран го отфрли најновиот предлог за привремен прекин на огнот инсистирајќи на траен крај на непријателствата.
