На списокот од над 40 луѓе е и Паоло Замполи, чиј заслуга е што ги запознал Трамп и сега првата дама Меланија
Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за преговорите меѓу Косово и Србија, Ричард Гренел заминува на ново работно место во Американскиот меморијален совет за холокауст, кој управува со Меморијалниот музеј на холокаустот во Вашингтон.

Поранешниот амбасадор на Трамп во Берлин, кој беше и вршител на должноста шеф на националната разузнавачка служба, а подоцна и негов советик во изборната кампања, е еден од четириесетте луѓе од доверба на Трамп, кои претседателот во заминување планира да ги награди со ново работно место во некој од владините комитети или тела, пред да ја напушти Белата куќа, пишува порталот „Политико“.

На списокот што Трамп го објави во вторникот, е и Хоуп Хикс, која ќе биде член на одборот на престижната стипендија „Фулбрајт“. Хикс е една од најблиските соработници на Трамп подолго време и се споменува, иако неофицијално, дека била онаа која ја раширила заразата со коронавирус во опкружувањето на Трамп, при што и самиот тој беше заразен.
Трамп го номинираше и поранешниот јавен обвинител на Флорида, Пем Бонди, за член на управниот одбор на Центарот за сценски уметности „Џон Ф. Кенеди“, како и секретарот на персоналот на Белата куќа, Дерек Лионс, кој претходно овој месец го информираше Трамп за неговите планови да даде отказ.
Езра Коен-Вотник, кој е вршител на должноста потсекретар за разузнавање и безбедност, треба да биде претседател на Комитетот за декласификација на информации од јавен интерес. Рас Ват, директор на Кабинетот за управување и буџет на Трамп, е номиниран за место во Одборот на посетители на Американската поморска академија. Стефани Гришам, поранешна прес-секретарка во Белата куќа, која не одржа ниту еден јавен брифинг за медиумите, е номинирана во Националниот одбор за образовни науки.

Според „Политико“, овие лица се меѓу повеќе од 40 лица назначени на разни „клучни позиции“, во тела како што се Комисијата за ликовни уметности, Националниот одбор за музејски и библиотечни услуги или Корпорацијата за пензиски бенефиции.
На списокот има луѓе кои биле дел од политичките кампањи на Трамп, но и Паоло Замполи, чиј заслуга е што ги запознал Трамп и сега првата дама Меланија. Тој ќе добие место во одборот на Центарот „Кенеди“.
Трамп веќе објави неколку именувања во последните неколку недели, о што на позиции беа стаавени личности како Келиен Конвеј, шеф на кампањата во 2016 година и поранешен советник на претседателот и Брајан Хук, поранешен специјален претставник за Иран во администрацијата на Трамп.
