Трамп додаде дека се надева оти неговиот предлог за прекин на огнот ќе стане реалност и нагласи дека работи напорно за да го постигне тоа
Американскиот претседател Доналд Трамп предупредува дека Хамас ќе се соочи со „тотално уништување“ доколку одбие да ја отстапи власта и контролата врз Газа, во услови на постојани напори за спроведување на неговиот план за прекин на огнот.
Кога Си-ен-ен преку СМС-порака го прашале Трамп што ќе се случи ако Хамас одбие да ја предаде власта, одговорот бил – „целосно уништување“.
Тој посочил дека очекува наскоро да се разјасни дали групата навистина е посветена на мирот.
Трамп додаде дека се надева оти неговиот предлог за прекин на огнот ќе стане реалност и нагласи дека работи напорно за да го постигне тоа.
Тој потврди дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е целосно согласен со прекинувањето на бомбардирањето во Газа и дека ја поддржува неговата визија.