Претседателот на САД ова го најави во објава на својата социјална мрежа Трут соушл во 23:44 часот по Гринич на 21 март, што значи дека Иран има рок до 23:44 часот по Гринич на 23 март, да го исполни барањето
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека Соединетите Американски Држави ќе ги уништат иранските електрани доколку Иран целосно не го деблокира Ормускиот Теснец во следните 48 часа.

„Доколку Иран не го отвори целосно и без закана Ормускиот Теснец, во рок од 48 часа од овој момент, САД ќе ги нападнат и ќе ги уништат нивните различни електрани, почнувајќи од најголемата!“,
порача претседателот на САД.
Трамп ова го најави во објава на својата социјална мрежа Трут соушл во 23:44 часот по Гринич на 21 март, што значи дека Иран има рок до 23:44 часот по Гринич на 23 март (03:14 часот во Техеран на 24 март), да го исполни барањето на американскиот претседател.
Ормускиот Теснец, низ кој минуваат околу 20 отсто од светските испораки на нафта и течен природен гас, во моментов е блокиран од Иран. Блокадата и иранските напади врз бродовите во Теснецот доведоа до зголемување на цените на нафтата во последните недели.
