Американскиот претседател минатата недела рече дека царините од 50 отсто ќе стапат во сила на 1 јуни, фрустриран што разговорите со ЕУ не се одвиваат доволно брзо. Тој, сепак, попушти по вчерашниот разговор со претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, која го замоли да ја одложи примената на царините до јули – рокот што Трамп првично го постави кога во април годинава објави дека воведува царини
По телефонскиот разговор со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, американскиот претседател Доналд Трамп се согласи да го одложи рокот за примена на царините од 50 отсто за увоз на производи од Европската Унија од 1 јуни на 9 јули годинава.

Трамп минатата недела рече дека царините од 50 отсто ќе стапат во сила на 1 јуни, фрустриран што разговорите со ЕУ не се одвиваат доволно брзо. Тој, сепак, попушти по вчерашниот разговор со претседателката на ЕК, која го замоли за време и го повика да ја одложи примената на царините до јули – рокот што американскиот претседател првично го постави кога во април годинава објави дека воведува царини.
„Имавме многу убав разговор и се согласив да го продолжиме рокот. Претседателката на Европската комисија рече дека наскоро ќе се сретнеме и ќе видиме дали можеме да најдеме решение“,
рече Трамп во изјава за новинарите.
Фон дер Лајен во објава на Икс сподели дека имала добар разговор со Трамп и дека Европа е подготвена брзо и решително да постигне напредок во разговорите, за што ќе има време до 9 јули.
Good call with @POTUS.
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) May 25, 2025
The EU and US share the world’s most consequential and close trade relationship.
Europe is ready to advance talks swiftly and decisively.
To reach a good deal, we would need the time until July 9.