„Ја поддржувам идејата дека Украина мора да добие обесштетување затоа што тие изгубиија голем број од своите граѓани и беа цел на уништување од сите тие напади. За сето тоа мора да има обесштетување, но не од Украина, туку од Русија бидејќи таа беше агресорот“, рече Маркон во Овалната соба
„Ако верувате во тоа, тогаш јас немам проблем со тоа. Но тие (Европа) си ги добиваат парите назад, а ние не“, рече американскиот претседател во размената на ставови со својот француски колега околу прашањето кој треба да плати за обновата на Украина
Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот франуски колега Емануел Макрон денеска се сретнаа во Белата куќа, состанок кој се совпадна со тригодишнината од руската инвазија на Украина.

Украина беше и во фокусот на разговорите на двајцата претседатели, по новиот тек што ги добија настаните по американско-руската иницијатива за ставање крај на војната чии контури ги исцртаа високи претставници на двете земји, на минатиотнеделниот состанок во Ријад, Саудиска Арабија, а уследија по телефонскиот разговор меѓу Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин.
Прашањата што се отворија по овие настани доминираа и во изјавите за медиумите што Трамп и неговиот француски колега ги имаа пред новинарите, кои во два наврати можеа да слушнат што имаат двајцата лидери да кажат на оваа тема – еднаш во Овалната соба, пред официјалната средба и на прес-конференцијата по неа.
Во Овалната соба, меѓу прашањата за кои стана збор беше и кој треба да плати за обновата на Украина.
Овде американскиот и францускиот претседател, разменија спротивставени ставови.
Маркон рече дека Украина мора да добие помош за обновување на земјата, но за неа, како што кажа, треба да плати Русија.
„Ја поддржувам идејата дека Украина мора да добие обесштетување затоа што тие изгубиија голем број од своите граѓани и беа цел на уништување од сите тие напади. За сето тоа мора да има обесштетување, но не од Украина туку од Русија, бидејќи таа беше агресорот“, рече Маркон.
Ова го покрена и прашањето кој, колку и помогнал на Украина и кој успеал да си ги врати парите, а кој не.
На ставот на Макрон, реагираше Трамп, кој рече дека „Европа и позајмува пари на Украина“, но оти „тие си ги враќаат парите назад“.
Францускиот претседател, во еден момент го прекина својот американски колега и домаќин, велејќи:
„Не, всушност, да бидам искрен, ние (ЕУ) плативме 60 проценти од целата помош (за Украина)…Имаме 30 милијарди замрзнати средства во Европа, руски средства, но тоа не колатерален дел од заем, затоа што не е наша сопственост. Тие се замрзнати средства, и ако на крајот од преговоритешто ќе ги имаме со Русија, ако тие се подготвени да ни ги дадат, тоа ќе биде одлично и на крајот Русија ќе плати. Тоа е мојата желба“.
На ова Трамп, возврати со реплика:
„Ако верувате во тоа, тогаш јас немам проблем со тоа. Но тие (Европа) си ги добиваат парите назад, а ние не“,
Notable moment in the Oval Office where Trump says “Europe is loaning the money to Ukraine” and “they’re getting their money back” when Macron interrupted to say, “No, in fact, to be frank, we paid. We paid 60% of the total effort.” pic.twitter.com/QFzv9WhsIz
— Kaitlan Collins (@kaitlancollins) February 24, 2025
Трамп: Европа мора да ја има централната улога за долгорочна безбедност на Украина
Што се однесува до прес-конференцијата по средбата, неа ја отвори американскиот претседател, нагласувајќи го пријателството меѓу него ни Макрон и истакнувајќи дека Франција е „најстариот сојузник на Амарика“.
Наведе дека се направени многу добри чекори кон мирот и дека Макрон имал клучна улога уште од самиот почеток.
Според американскиот претседател, „ова е вистинскиот момент, а можеби и единствениот“ за да се стави крај на војната.
Трамп и на прес-конференцијата истакна дека трошоците за обезбедување мир треба да бидат покриени од европските држави, а не само од САД.
„Европа мора да ја преземе централната улога во обезбедувањето долгорочна безбедност на Украина – што таа и сака да го направи“, рече тој.

Трамп ја повтори својата желба да ги врати средствата што САД ги потрошиле за поддршка на Украина, тврдејќи дека износот надминува 300 милијарди долари. Меѓутоа, според достапните податоци, САД всушност потрошиле околу 120 милијарди долари, наведува Би-би-си.
Тој, исто така, истакна дека САД „мораат да имаат договор со Украина за критични минерали и ретки метали како дел од безбедносните гаранции“, додавајќи дека во таа насока се прават значителни чекори.
Макрон: „Мирот не смее да значи капитулација на Украина“
Макрон, обраќајќи се на француски јазик на прес-конференцијата, рече дека Европа не избегнува одговорност во поддршката на Украина, истакнувајќи дека ЕУ инвестирала 128 милијарди долари во украинската безбедност.
„Украина е фронтот за колективната безбедност на цела Европа“, рече Макрон, додавајќи дека украинскиот народ покажал извонредна храброст.
Тој наведе дека никој не сака свет во кој „волјата на посилниот може да биде наметната, а меѓународно признатите граници да бидат прекршени“.
„Мирот не смее да значи капитулација на Украина или прекин на огнот без гаранции“, рече Макрон, додавајќи дека секој договор мора значи зачувување на украинскиот суверенитет да и овозможи на земјата да преговара за своите интереси со сите засегнати страни.
На новинарско прашање за Путин, Макрон изјави дека подолго време не разговарал со рускиот лидер, но со новата администрација во САД гледа „нов контекст“ и „можност за повторно вклучување“ во дипломатските напори.
„Единствениот начин да се осигураме дека мировниот договор ќе биде почитуван е да бидеме силни и да имаме капацитети за одвраќање“, изјави Макрон.
Трамп, пак, повторно нагласи дека војната во Украина не би започнала доколку тој бил претседател.
„Навистина верувам дека Путин сака да постигне договор. Можеби грешам, но верувам во тоа, рече Трамп, додавајќи дека потоа рускиот претседател би можел да ја води Русија „на многу позитивен начин“.
„Ќе се видиме повторно наскоро… ќе го решиме ова, ќе го завршиме“, рече Трамп на крајот на прес-конференцијата, по што двајцата лидери се ракуваа и се прегрнаа пред да ги напуштат пултовите со микрофони.