Тој нагласи дека има големи шанси војната конечно да дојде до крајот
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека имал многу добар и продуктивен телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, нагласувајќи дека има големи шанси оваа војна конечно да дојде до крајот.
Трамп, исто така, рече дека разговарал со Путин за украинските сили во Курск и дека побарал од него да ги поштеди нивните животи откако наводно биле опколени од руските сили.
„Вчера имавме многу добри и продуктивни разговори со рускиот претседател Владимир Путин и има големи шанси оваа ужасна, крвава војна конечно да заврши. Но, во овој момент илјадници украински војници се целосно опкружени од руската војска и се во многу лоша и ранлива позиција. Силно побарав од претседателот Путин да ги поштеди нивните животи. Ова би бил ужасен масакр, каков што не е забележан од Втората светска војна. Нека Господ ги благослови сите!!!“,
напиша Трамп на неговата мрежа Трут соушл.
Трамп претходно го повика својот претходник Џо Бајден во објава на социјалните мрежи.
„Расипаниот Џо Бајден нè внесе во вистински ‘хаос’ со Русија (и со СИТЕ ДРУГИ!), но јас ќе не извлечам. Милиони луѓе умреа без потреба, никогаш повеќе нема да се видат… И многу други ќе умрат ако не завршиме и не потпишеме прекин на огнот и конечен договор со Русија“,
напиша Трамп.