Американскиот претседател, исто така, потврди дека 29-годишниот осомничен напаѓач од Авганистан се соочува со смртна казна
Две недели по пукањето во близина на Белата куќа во Вашингтон, во кое беа застрелани двајца припадници на Националната гарда на САД, преживеаниот гардист почнал да покажува знаци на закрепнување. Ова го објави американскиот претседател Доналд Трамп по разговор со мајката на ранетиот војник.

Иако погоден во главата и сè уште во неможност за зборува, според изјавите на Трамп, ранетиот гардист почнал да закрепнува и успеал да стане од кревет.
Американскиот претседател, исто така, потврди дека осомничениот напаѓач од Авганистан се соочува со смртна казна. Дваесет и деветгодишниот напаѓач беше застрелан на местото на пукањето. Според Трамп, лекарите се бореле да му го спасат животот за подоцна да може да се соочи со смртна казна.
Претходно, Трамп го опиша нападот како терористички акт.
По нападот, американската администрација ги заостри мерките за имиграцијата, привремено суспендирајќи ги сите одлуки за азил, а објави и прекин на издавањето визи за носители на авганистански пасоши.
