Американскиот претседател додаде дека тврдењето можеби и не е точно и оти таков напад можеби не се случил, а потоа рече дека рускиот претседател му кажал дека имало напад врз неговата резиденција
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска телефонски разговарал со својот руски колега Владимир Путин од кого ги дознал наводите за украински беспилотен напад врз неговата резиденција во Новгород.

Трамп оцени дека потегот не е добар, и покрај тоа што официјален Киев веднаш ги отфрли наводите за нападот.
Американскиот претседател додаде дека тврдењето можеби и не е точно и оти таков напад можеби не се случил, а потоа рече дека рускиот претседател му кажал дека имало напад врз неговата резиденција.
„Не ми се допаѓа. Не е добро. Дознав за ова денеска од претседателот Путин и сум многу лут поради тоа“,
рече Трамп.
Трамп го опиша својот разговор со Путин како „продуктивен“, иако рече дека остануваат прашања што треба да се решат за да се постигне мировен договор во Украина.
Разговорот со својот руски колега се случи еден ден откако Трамп се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Флорида за да разговараат за војната, иако по три часа разговори, ниту еден од нив не објави никаков поголем напредок.
