Трамп вчера изјави дека планира да одржи разговори за војната во Украина во наредните денови откако на неговиот самит со Путин во Алјаска во август не беше постигнат напредок. Претставник на Белата куќа изјави дека се очекува Трамп денеска да разговара со Зеленски по телефон
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека останува посветен на постигнување мировен договор меѓу Русија и Украина и покрај растечката неизвесност околу изгледите за разговори лице в лице меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави денеска Си-би-ес њуз.

„Го следам тоа, го гледам тоа и разговарам со претседателот Путин и претседателот Зеленски за тоа. Нешто ќе се случи, но тие сè уште не се подготвени. Но, нешто ќе се случи. Ќе го направиме тоа“,
рече Трамп вчера во телефонско интервју за Си-би-ес њуз.
Трамп вчера изјави дека планира да одржи разговори за војната во Украина во наредните денови откако на неговиот самит со Путин во Алјаска во август не беше постигнат напредок. Претставник на Белата куќа изјави дека се очекува Трамп денеска да разговара со Зеленски по телефон.
Путин вчера исто така изјави дека е подготвен да се сретне со Зеленски доколку украинскиот претседател дојде во Москва, но дека секоја таква средба мора да биде добро подготвена и да доведе до опипливи резултати. Украинскиот министер за надворешни работи го отфрли предлогот Москва да биде место за таква средба.
Зборувајќи за неодамнешниот напад на Русија врз Украина во кој беа убиени 15 лица, Трамп за Си-би-ес њуз изјави дека е незадоволен од ситуацијата, но ќе продолжи да инсистира на мировен договор. Тој нагласи дека мисли оти сè ќе се реши, но дека преговорите со Русија не се лесни.
„Искрено, мислев дека преговорите со Русија ќе бидат полесни од оние што ги запрев, но се чини дека ова е нешто што е малку потешко“,
рече тој.
Трамп е фрустриран од неговата неспособност да ги запре борбите што започнаа со руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, откако првично предвиде дека ќе може брзо да ја заврши војната кога ќе ја преземе функцијата во јануари.