Двајцата војници на Националната гарда на САД кои беа застрелани вчера во близина на Белата куќа се во критична состојба, изјави директорот на ФБИ Кеш Пател, на прес-конференција
Пукањето врз припадници на Националната гарда е терористички напад, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

„Министерството за внатрешна безбедност вели дека напаѓачот пристигнал во САД од Авганистан во 2021 година. САД треба повторно да ги проверат сите странци кои влегле во САД од Авганистан за време на поранешниот претседател Џо Бајден“,
нагласи Трамп.
Тој рече дека наредил распоредување на уште 500 војници на Националната гарда во Вашингтон.
Двајцата војници на Националната гарда на САД кои беа застрелани вчера во близина на Белата куќа се во критична состојба, изјави директорот на ФБИ Кеш Пател, на прес-конференција.
„Тоа што го знаеме е дека истрелите биле насочени. Се чини дека едно лице пукало кон овие членови на Националната гарда. Тоа лице е уапсено“,
изјави градоначалничката на Вашингтон Муриел Баузер, на истата прес-конференција.
Претходно, гувернерот на Западна Вирџинија, од каде што се жртвите, на социјалната мрежа Икс напиша дека дека тие починале од раните. Подоцна рече дека има конфликтни информации за нивната здравствена состојба.
